Брахими повика на привремено примирје во Сирија

Меѓународниот пратеник за Сирија Лахдар Брахими по денешната средба со сирискиот претседател Башар Ал Асад повторно ги повика двете воени страни во конфиктот да се согласат за прекин на огнот. Тој додаде дека од дел од опозициските лидери од Сирија и оние што се надвор дале позитивен одговор на повикот за прекин на огнот за време на празникот кој почнува на 26 октомври а трае 4 дена. Брахими истакна дека привремен прекин на огнот може да биде добра основа за обезбедување на трајно примирје.