Запленет хероин во вредост од милион евра на Деве Баир

Илустрација, кокаин и хероин

Околу 9,5 килограми хероин вчера се запленети на граничниот премин Деве Баир. Станува збор за хероин со висока чистота, чија цена во голема продажба изнесува околу 300 илјади евра, а во малопродажба и до еден милион евра.
Директорот на Царинската управа Ванчо Каргов денеска изјави дека дрогата е пронајдена во патничко возило во предниот и задниот браник на возилото, а при распит на осомничениот утврдено е дека хероинот го набавил од Турција и требало да го пренесе до Косово.
Против осомничениот поднесена е кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги. Тој е предаден до надлежното Јавно обвинителство.