Референдум за уставни измени во Исланд

Илустрација

Жителите на Исланд вчера излегоа да гласаат на необврзувачки референдум каде требаше да се изјаснат за промени на уставот. Новиот предлог е изготвен од 25 граѓани и вклучува предлози кои произлегуваат од социјалните мрежи. Гласачите требаше да одговорат на 6 прашања со „да“ или „не “ поврзани со природните ресурси на државата и потребата од воспоставување на национална црква. Парламентот ќе ги разгледа резултатите од референдумот кога ќе ја изготвува легислативата. Уставот на Исланд датира од 1944 година, но процесот на изработка на измените започнаа во 2008 година кога се случи финансиската криза кој укажа на потребата за реформи. Првичните резултати треба да бидат објавени вечерва.