Клинтон во посета на Белград и Приштина

Американската државна секретарка, Хилари Клинтон, на 30 и на 31 октомври ќе ги посети Белград и Приштина, јавуваат српските медиуми повикувајќи се на дипломатски извори. Ова би требало да биде нејзина последна посета на Балканот како државен секретар со оглед на тоа што најави дека ќе се повлече од фунцијата по ноемвриските избори во САД, без разлика на исходот од нив. Според она што е објавено во српските медиуми се уште не се познати деталитe за посетата, но не се спомнува дали при турнејата на Балканот Клинтон ќе ја посети Македонија.