Протести во Лондон

Десетици илјади демонстранти маршираа вчера во Лондон барајќи да се стави крај на мерките за штедење и зголемувањето на даноците. Владата предводена од премиерот Дејвид Камерун соопшти дека за потребни дополнителни мерки за намалување на дефицитот во земјата со цел да заживее економијата. Критичарите ја обвинуваат владата дека е мека со богатите намалувајќи ги даноците за нив, додека за сите други ги покачи. Полицијата соопшти дека маршот помина мирно и дека немало поголеми инциденти. Слични протести се одржаа и во други англиски градови.