Избори во Баскија и Галиција

Речиси 4,5 милиони луѓе денеска треба да излезат на регионални избори во шпанската турбулентна област Баскија и северозападната покраина Галиција. Премиерот Мариано Рахој засега не соопшти дали владата ќе побара финансиска помош за спас од кризата за време на изборната кампања. Со 2,7 милиони гласачи Галиција е традиционално упориште на Народната пртија на Рахој па се очекува дека во тој регион владеачката партија ќе опстои додека во Баскија мнозинството од 1,8 милиони гласачи се очекува својата поддршка да му ја дадат лидерот на социјалистите Пачи Лопез.