Илиевски: подготвен сум да се соочам со сите евентуални последици

Приватниот настап беше и останува голем ризик, но јас се одлучив на тој ризик свесно и подготвен сум да се соочам со сите евентуални последици, пишува македонскиот амбасадор во Чешка Игор Илиевски во електронска порака до македонските медиуми. Тој додава дека прес-конференцијата, која на 17 октомври ја одржа во еден прашки хотел не говорел како амбасадор, туку како татко во насока на заштита на правата на малолетно лице. Илиевски овој пат тврди дека сите активности околу одземањето на неговиот две и полмесечен син биле преземени и финансирани од приватни лица, а не од неговата сопруга Мариа Илиевски Ферада.