Уапсени демонстранти во Баку

Полицијата во Баку уапси најмалку 30 демонстранти во обид да ги спречи протестите на опозицијата и младинските групи кои бараат распуштање на азербејџанскиот парламент. Дописниците сведочат дека полицијата интервенирала во рок од 10 минути откако претходно ги предупредила демонстрантите дека гратските власти не го одобриле протестот.