Фрлени молотови коктели кон студентскиот дом Гоце Делчев

Непознати лица фрлиле три шишиња со запалива течност кон студентскиот дом Гоце делчев утрово, јавуваат медиумите. Две шишиња слетале во дворот додека третото се нашло на балкон од соба. Инцидентот се случил рано утрово а двајцата сторители ги фрлиле молотовите коктели од автомобил. Полицијата извршила увид на местото на настанот додека Студентскиот парламент го осуди нападот.