Во Скопје во идната недела средба Иванов, Николиќ

Ѓорге Иванов

Претседателите на Македонија и на Србија Ѓорге Иванов и Томислав Николиќ во идната недела во Скопје ќе разговараат за развојот на односите меѓу двете земји. Станува збор за официјална посета на Николиќ која била планирана од порано, а на која ќе се разговарало и за односите меѓу МПЦ и СПЦ. Портпаролот на Македонската православна црква Тимотеј денеска го поздрави повикот на Томислав Николиќ на разговори за статусот на МПЦ. Сепак, тој оцени дека условот што го поставува Николиќ, ослободување на Јован Вранишковски, не било црковно, туку државно прашање. Вранишковски е осуден за финансиски малверзации. СПЦ смета дека станува збор за политички прогон, бидејќи тој стапил во канонско единство со таа црква.