Авганистан е подготвен да ја преземе безбедноста

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи рече дека полицијата и армијата во таа земја се подготвени да преземат целосна одговорност за безбедноста ако меѓународните сили одлучат да го забрзаат примопредавањето со авганистанските владини сили. Карзаи по средбата со генералнито секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен кој пристигна во Авганистан со 28 НАТО претставници. Расмусен рече дека рокот за целосното примопредавање на безбесноста останува до крајот на 2014 година.