Ештон ќе се сретне со Тачи и Дачиќ во петок

Еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон ќе се сретне со премиерите на Србија и Косово во петок во обид да се рестартираат преговорите за нормализација на односите меѓу двете земји. Во соопштението од нејзиниот кабинет е наведено дека таа ќе оддржи одвоени средби со нив во Брисел. ЕУ го стартуваше тој дијалог во 2011 година но дојде до застој по парламентарните избори во Србија.