Косовското собрание се согласи за нормализација на односите со Србија

Косовското собрание денеска ја усвои предлог-резолуцијата за нормализација на односите со Србија. Во резолуцијата е наведено дека косовското Собрание „ја поддржува нормализацијата на односите меѓу двете независни и суверени држави во интерес на решавање на проблемите кои постојат меѓу двете држави, подобрување на животот на граѓаните и унапредување на европската агенда за двете држави и за регинот“. Во документот се истакнува дека резултатите од дијалогот Приштина-Белград треба да бидат во согласност со суверенитетот на Косово, меѓународниот субјективитет, територијалниот интегритет и внатрешното уставно уредување на Косово.