Ирачки гувернер на Централна банка осомничен за криминал

Ирачката полиција распиша потерница за апсење на долгогодишниот гувернер на државната централна банка. Тој заедно со уште 15 други управители на банките се суспендирани поради сомневање за финансиски криминал. Парламентарната комисија изрази загриженост за Централната банка по спроведената истрага за активностите во банката.