СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ се скараа за вработените во „Охис“ и „Ремонт на пруги“

СДСМ денеска ја обвини Владата дека продолжува со непродуктивните трошења во време кога вработените од „ОХИС“ и „Ремонт на пруги“ протестираат барајќи исплата на заостанатите плати. Потпретседателот на партијата Гордан Георгиев изјави дека непродуктивното трошење на власта продолжува и со издвоените 120 илјади евра годишно за обезбедување на спомениците од проектот Скопје 2014.

Во време на СДСМ работниците не земаа плата, наведува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на прес-конференцијата на СДСМ. Во продолжение е наведено дека партијата која што ја спроведе приватизацијата како најголем криминал во Македонија, лицемерно се претставува како заштитник на работниците. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека грижата на Гордан Горгиев е неискрена затоа што тој како син на земјопоседник, добива пари од државата