Њузвик од 31 декември само онлајн

По 80 години постоење магазинот Њузвик нема да излегува повеќе во печатена форма и ќе се префрли исклучиво на електронски формат. Последното печатено издание на неделникот ќе излезе на 31-ви декември. Главниот уредник Тина Браун на интернет изданието на „ Дејли бист “ и Њузвик соопшти дека се очекува отпуштање на вработени но не соопшти детали околу бројката.Таа додаде дека интернет публикацијата на Њузвик Глобал ќе биде достапна само за претплатени читатели.