Твитер за прв пат блокираше содржина

Твитер прв пат блокираше корисник на социјалната мрежа. Станува збор за неонацистичка група од Германија. Германската полиција побарала од Твитер да го блокира налогот на неонацистичката група „Бесерес хановер“ која е под истрага заради поттикнување расна омраза и формирање криминална организација.
Правниот советник на социјалната мрежа на Твитер Алекс Макгиливри напиша на Твитер дека може од мрежата повремено да се повлечат некои содржини од одредени земји ако за тоа добијат директно барање од надлежните власти.
Групата е осомничена дека испраќала видео пораки со закани до регионалната министерка за социјални прашања од турско потекло.