Судири во Атина на демонстранти со полиција

Во Атина денеска избиле судири меѓу демонстрантите и полицијата при 24 часовен генерален штрајк. Млади луѓе фрлале кон полицијата со молотови коктели и камења додека полицијата на тоа возвратила со солзавец. До судирите на плоштадот во Атина дошло откако илјадници луѓе во знак на протест марширале низ улицита на градот. Слични протести се оддржани и во Солун и неколку други грчки градови.
Ова е втор генерален штрајк месецов на двата најголеми синдикати во знак на протест против мерките за штедење. На улиците низ Атина се излезени јавните службеници, адвокатите, судиите и нотарите, вработените во јавниот превоз и железницата.Тројката на Европската Комисија, Европската Централна Банка и ММФ од Грција бара да заштеди 11,5 милијарди евра за да ја добие следната транша помош од 130 милијарди евра.