Иванов: Мултиетничкиот спорт е тимска работа а нашиот тим се вика Македонија

Мултиетничкиот спорт е токму тоа - тимска работа и на домашен терен и надвор на првенстават како и во сите сфери на животот, а нашиот тим се вика Република Македонија. Ова го изјави денеска претседателот Ѓорѓе Иванов при неговото обраќањето на Меѓународната конференција „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување“. Тој додаде дека со мултиетничкиот спорт ќе се осовремени традицијата на толеранција, заедништво и меѓусебно почитување.
Американскиот амбасадор во Скопје Пол Волерс во својот говор рече дека последниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Србија е одличен пример дека кога се игра за националниот тим, без оглед на културното или етничкото потекло на играчите, треба да се знае дека сите играат за истиот тим и дека само на тој начин се победува.
На денешната конференција беше промовиран и новиот проект „Одбележување на спортски ден во Македонија“.