Турски пијанист во суд поради коментар на Твитер

Познатиот турски пијанист и композитор Фазил Сај кој свири со њујоршката филхармонија и берлинскиот симфониски оркестар денеска се појави во судот во Истамбул да се брани себе си од обвиненијата за богохулство.
Тој е обвинет за постирање коментари на социјалната мрежа Твитер во кои се шегува за повикот за молитва. Во обвинението против него е наведено дека со коменатрите што ги објавил потикнал омраза и создал јавни непријатели како и дека ги навредил „религиските вредности“. Тој се соочува со максимална казна затвор од 18 месеци. Сај кој беше турски амбасадор на културата во ЕУ ги отфрли обвиненијата и побара ослободување.