Генерален штрајк во Грција поради мерките за штедење

Во Грција денеска ќе биде одржан втор генерален штрајк овој месец на двата најголеми синдикати во знак на протест против мерките за штедење.
Денеска ќе излезат од работа јавните службеници, адвокатите, судиите и нотарите. Лекарите во Атина нема да работат од пладне до 15 часот.
Ќе се штрајкува и во јавниот превоз и железницата, како и делумно и воздушниот сообраќај.
Тројката на Европската Комисија, Европската Централна Банка и ММФ од Грција бара да заштеди 11,5 милијарди евра за да ја добие следната транша помош од 130 милијарди евра.