Кинеската економија се опоравува

Најновите податоци од Кина покажуваат дека економијата во земјата најверојатно се опоравува. Втората по големина економија во светот бележи раст од 7,4 проценти во последниот квартал, заклучно со септември, што е близу до проектираните 7,5 отсто раст на годишно ниво. Економската активност пораснала за повеќе од 2 отсто додека продажбата пораснала за 14 проценти.