САД: Финансиски санкции за подржувачи на тероризам

Американските власти спроведоа финансиски санкции против тројца Пакистанци кои се обвинети за поддршка на терористички организации.
Со санциите е предвидено замрзнување на сите банкарски сметки на обвинетите кои што ги имаат во САД. Двајца од нив се обвинети за производство на експлозивни направи за авганистанските Талибанци, пакистанските Талибанци и милитантите кои се припадници на исламистичкото движење на Узбекистан. Третиот од обвинетите се гони за финансиска поддршка на терористички операциии во Авганистан и Пакистан.