Приведени осомничените за нападот врз пункт на српската полиција

ЕУЛЕКС во Косово нареди да се притворат тројца осомничени за припадност кон „терористичка организација“, која ја презела одговорноста за нападот со автоматско оружје врз пункт на српската полиција во пограничната зона, јавуваат француските новински агенции повикувајќи се на официјален извор во мисијата. Во соопштението на ЕУЛЕКС е наведено дека тројцата Косовци, кои се приведени, се осомничени дека учествувале во последниот напад на 7 октомври.
Во изминативе 6 месеци, пукнтот на српската полиција Добросун е напаѓан најмалку 5 пати.
Организација наречена „Движење за ослободување“, ја презеде одговорноста за нападите.