Арифи во работна посета на Хрватска

Вицепремиреката за европски прашања Теута Арифи денеска престојуваше на работна посета во Хрватска каде се сретна со потпретседателот на Владата Невен Мимица. Тема на нивните разговори беа последните случувања во евроинтеграциските агенди на двете земји и за искуството на Хрватска со спроведувањето на реформите. Арифи за време на престојот во Хрватска се сретна и со министерот за регионален развој и фондови на ЕУ Бранко Грчиќ и со министерот за внатрешни работи Ранко Остојиќ и со заменик министерот за надворешни работи и европски прашања Јошка Клисовиќ.
На средбите била истакната и потребата за натамошно продлабочување на добрите билатерални односи меѓу Македонија и Хрватска, во областа на економската соработка и развој.