Протести во Приштина

Косовската полиција со солзавец го растури протестот во Приштина против потпишувањето на спогодбата за приватизација на електродистрибутивната мрежа во земјата.Дел од демонстрантите се приведени затоа се закачиле на железните врати обидувајќи се да влезат во зградата на владата.
Опозицискиот активист Шпенд Ахмети изјави дека со потпишувањето на спогодбата, вредна 34 милиони долари, со турската компанија владата го продава „богатството на косовското опшество“.