Српската влада со мерки против лажните азиланти

Комисијата на српската влада за следење на безвизниот режим со ЕУ, денеска ќе ги разгледува мерките за намалување на бројот на така-наречените лажни азиланти, поради што постои и барање на некои европски земји за повторно воведување визи. На состанокот, на кој претседава српскиот премиер Ивица Дачиќ, треба да бидат утврдени мерки за спречување на злоупотребата на визната либерализација.