Спикерот на унгарскиот парламент во посета на Македонија

Претседателот на Парламентот на Унгарија, Ласло Ковер од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.
За време на посетата предвидено е Ковер да се сретне со неговиот македонски колега Трајко Вељаноски, со кого заедно ќе положи и цвеќе пред Споменикот на паднатите херои за Македонија во паркот Жена борец.
Планирано е Ковер денеска да оствари одделни средби и со претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците, Ермира Мехмети - Деваја, како и со координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева.