Оставка на еврокомесарот за здравство

Џон Дали

Еврокомесарот за здравство Џон Дали, поранешен министер од Малта, поднесе оставка поради тврдењата за корупција во врска со прописите за тутун. Сервисот на ЕУ за спречување измами утврдил дека Дали знаел за обидот за корупција во врска со новиот пропис за шведскиот производ наречен „снус“, вид тутун наменет за џвакање.
Продажбата на овој производ е забранета во ЕУ, но не и во Шведска, која го бараше тој исклучок кога влезе во Унијата во 1995 година.
Европската Комисија соопшти дека не е најден доказ за директна вмешаност на Дали во настаните, но оти тој бил запознат со тоа. Комесарот категорично ги отфрли ваквите информации, но поднесе оставка за подобро да го брани својот и угледот на извршната власт на ЕУ, се вели во соопштението.