Времето денеска сончево со мала облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе има услови за локален дожд со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура се движи од осум до 14, а дневната ќе биде од 11 до 26 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Во наредните денови следува период на претежно стабилно и релативно топло и суво време.