Ердоган се сретна со Ахмадинеџад во Баку

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се сретна денеска со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во Баку, на маргините на регионалната Организација за економска соработка, јавуваат турските медиуми. Ненајавената средба меѓу турскиот премиер и иранскиот претседател се одржала зад затворени врати, но според нивните информации, двајцата лидери разговарале за ситуацијата во Сирија.
Кризата во Сирија предизвика напнатост меѓу Турција и Иран откако Турција ги засили критиките кон режимот на сирискиот претседател Башар Асад