Караџиќ ја почна одбраната пред Хашкиот трибунал

Поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ

Поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ во почетокот на неговата одбрана пред Хашкиот трибунал изјави дека би требало да биде награден, наместо да биде обвинет за геноцид и други злосторства во Босна и Херцеговина. Во воведната изјава тој негира дека имал план за геноцид врз муслиманите кои ги нарече „срби со друга вера“. „Јас би требало да бидам награден за сето она што го направив за да не дојде до граѓанска војна, за да се намали страдањето на сите цивили и затоа што потпишав и спроведов многу примирја и ја запирав нашата војска пред повеќе победи“, изјави Караџиќ. Тој беше уапсен во 2008 година, 13 години откако беше обвинет за организирање злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.