Почна сослушувањето на осомничените за нападите на 11 септември

Халид Шеик Мохамед пред американскиот воен суд во затворот Гвантанамо во Куба.

Во американскиот воен суд во затворот Гвантанамо во Куба започна сослушување на пет осомничени за терористичките напади извршени на 11 септември 2001 во САД. Рочиштата треба да траат до 19 октомври. За време на процесот ќе биде сослушан и „мозокот“ на операцијата Халид Шеик Мохамед. Официјалното судење пред судот за Воени злосторства е закажано за следната година. Воените обвинители велат дека ќе бараат смртна казна за осомничените ако бидат прогласени за виновни.

Процесот се соочува со низа критики. Американската унија за граѓански слободи смета дека процесот е нефер и дека треба да се одвива во американскиот федерален суд.

Во нападите на 11 септември 2001 година беа убиени речиси 3.000 луѓе.