18 месеци затвор за напад врз фотограф

Жени со бурки во Марсеј.

Судот во Париз осуди еден 23-годишен маж за напад и повреда на фотограф кој фотографирал група жени кои го кршеле новиот француски закон за носење превез на лицето. Судот го осуди Јамад Билел Бенухаб на 18 месеци затвор за напад врз 65-годишниот фотограф во источен Париз. Фотографот во нападот се здоби со повреди на носот и раката.