Преговорите меѓу Грција и „тројката“ ќе продолжат по 18 ти октомври

Преговорите меѓу владата на Грција и меѓународни кредитори за прашањето за нови буџетски кратења ќе продолжат по 18 октомври, за кога е закажана средбата на врвот на ЕУ, јавуваат новинските агенции. Министерот за финансии Јанис Стурнарас денеска изјави дека е малку веројатно преговорите за новиот пакет мерки за штедење, да завршат до средбата на врвот на ЕУ. Атина се надева дека во средината на ноември ќе ја добие следната транша од 31,5 милијарди евра, што е дел од вториот пакет спасувачка помош за Грција, вреден 130 милијарди евра.
Грчките власти минатата недела признаа дека доколку овие средства не дојдат до крајот на ноември, земјата ќе остане без пари.