Фудбалскиот натпревар Македoнија-Србија со висок ризик

Утрешниот натпревар на македонската фубласка репрезентација со српската ќе биде третиран како натпревар со висок ризик и ќе бидат преземени сите неопходни мерки и активности за безбедност, соопшти министертвото за внатрешни работи. Во соопштението е наведено дека таквата одлука е донесена по одржаниот состанок со македонската фудбалска федерација, при што Српската Федерација најавила дека нема да има организирано патување на навивачки групи.
Утрешниот натпревар меѓу Македонија и Србија е закажан во 20,30 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.