Санино:Прашањето за добрососедските односи е клучно

Генералниот директор на Директоратот за проширување на ЕУ Стефано Санино изјави дека прашањето за добрососедските односи е клучно во овој процес, а ЕК верува дека пристапниот процес ќе го олесни процесот на решавање на спорот за името. Тој најави дека ЕУ ќе продолжи да работи заедно со македонските и со грчките власти со цел да се осигураат дека тоа ќе доведе до посакуваните резултати.

Санино се надева дека Советот на ЕУ во декември ќе донесе одлука Македонија да премине во следната фаза од евроинтеграцијата, според препораката Европската комисија и затоа е потребно да се удвојат заеднички напори за да може тоа да стане реалност.

Тој по средбата со вицепремремиерката Теута Арифи изјави дека ризикот за укинување на визната либерализација секогаш постои доколку системот се злоупотреби, но ЕК внимателно го следи преименувањето на визната либерализација. Тој додаде дека тоа е прашање на одговорност и за тоа треба сите да имаат удел. Вицепремиерката Арифи изјави дека Владата ќе остане ангажирана да ги сведе на минимум злоупотребите на визната либарализација.