ОБСЕ: Изборите во Црна Гора се демократски но...

ОБСЕ ги оцени вчерашните избори во Црна Гора како демократски при што беа почитувани основните човекови права. Но во соопштението на ОБСЕ е наведено дека се загрижени поради злоупотребата на административните ресурства и недостигот на транспарентност за финансирањето на изборната кампања на политичките партии. Според прелиминарните информации коалицијата предводена од Мило Ѓукановиќ е победник на изборите со освоени 39 од 81–то место во парламентот.