ЕУ ја прошири црната листа за Сирија

Кетрин Ештон

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска воспоставија нови санкции спрема режимот во Сирија. Станува збор за замрзнување на средствата и забрани за патување на 28 сиријци и две компании.
Со тоа вкупно 181 лице и 54 компании од Сирија се најдоа на црната листа на ЕУ поради вмешаност во репресиите на режимот.