Шкотска ќе може да оддржи референдум за независност

Британскиот премиер Дејвид Камерун се очекува да потпише во понеделник договор со шкотскиот прв министер Алекс Салмонд со што ќе и се овозможи на Шкотска да оддржи реферндум за независност. Во договорот ќе биде содржана и двегодишна кампања која треба да почне на крајот на 2014 година. Камерун строго се спротивставува на отцепувањето од Британија. Тој ќе се сретне утре со лидерот на шкотската национална партија Салмонд во Единбург откако министрите соопштија дека постигнале договор за условите за гласање. Според анкетите една третина од Шкотланѓаните ја поддржуваат идејата за отцепување од Велика Британија и за создавање на независна Шкотска.