Груевски со најави за победа на следните локални избори

Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе победи на наредните локални избори поради досегашните реализирани проекти. Тој додаде дека наполно ги разбира членовите на СДСМ кои со месеци не може да изберат кандидат за градоначалник на Скопје.
„Кога шетам низ проширените нови булевари, кога ги гледам новите паркови, новите објекти, административни згради, новите работи што Скопје го направија многу поубав и вистинска метропола, сфаќам зошто во СДСМ практично не само што не можат да изберат кој да биде кандидат за градоначалник туку имаат сериозен проблем, затоа што секојдневно се караат меѓу себе кој да не биде“ изјави Груевски најавувајќи жестока битка за градот на локалните избори при тоа не соопштувајќи дали досегашниот градоначалник ќе се канидидира за уште еден мандат во Скопје.