Обединетите Арапски Емирати нудат помош за лекувањето на Малала

Пакистан соопшти дека Обединетите Арапски Емирати, планираат да испратат итна медициска помош со хеликоптер за 14 годишното девојче Малала Јусуфзаи која беше ранета при напад од Талибанци во случај докторите да одлучат дека е потребно да се однесе на друго место за лекување. Амбасадаорот во Исламабад Џамил Ахмед Кан изјави дека визите за 6-те доктори од медицинсакиот тим кој ќе ја придружува веќе се финализираат. Тој додаде дека три болници во Дубаи и Абу Даби се подготевни да помогнат во нејзиното лекување.