Германија ја поддржува Турција по прашањето за Сирија

Германија ја поддржува Турција во нејзината позиција кон Сирија, изјави германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле за време на разговорите со турскиот колега Ахмет Давутоглу во Истанбул. Турската новинска агенција Анадолија пренедува дека министерите за надворешни работи на Германија и Турција вчера ги разговареле за инцидентите долж турско-сириската граница, за последниот развој на настаните во Сирија, како и пресретнувањето на турските авиони ловци на сирискиот патнички авион во текот на оваа недела. Како што јавува агеницијата Вестервеле пред Давутоглу изразил сочувството за загинувањето на петмината турски цивили и посочил дека Турција се однесувала разумно по инцидентот.