Турскиот парламент одобри вонредни локални избори

Турскиот парламент го усвои уставниот амандман за одржување на вонредни локални избори, а референдумот за тој амандман ќе биде распишан за 60 дена, доколку претседателот Абдула Ѓул не го врати на повторна расправа во собранието. Ако амандманот биде усвоен, локалните избори ќе бидат одржани на 27 октомври следната година. Редовните избори би требало да бидат ордржани во март 2014 година. Тие се први избори во изборниот циклус кој ги опфаќа и претседателските неколку месеци подоцна, но и општите парламентарни кои ќе се одржат во 2015 година.