Оланд: Границите на Конго се неповредливи

Франсоа Оланд

Францускиот претседател Франсоа Оланд на денешниот самит на франкофонијата во Киншаса порача дека границите на демократска република Конго се неповредливи, алудијрајќи на судирите на истокот од оваа земја. Тој порача дека ќе се заложи за продолжување на мисијата на ОН во Конго, доколку тоа биде потребно.Отворајќи го самитот, претседателот на Конго, Џозеф Кабил рече дека конфликото во провинцијата Северен Кив е неправедна војна, која ја наметнале негативните сили во служба на нечии надворешни интереси.
Токму затоа илијадници мажи, жени и деца ги губат своите животи или лутаат по планините и живеат во неподносливи услови, рече Кабил.
Регуларната војска на Конго се бори против бунтовниците на движењето М23 и различни вооружени групи во областа Северен Кив.