Србија и Русија потпишаа договор за испорака на гас до 2021 година

Ивица Дачиќ

Министрите за енергетика на Србија и Русија Зорана Михајловиќ и Александар Новак денеска во Белград потпишаа спогодба за испорака на природен гас за Србија. Премиерот Ивица Дачиќ истакна дека спогодбата ќе придонесе за енергетската стабилност на Србија и ќе ја гарантира сигурноста на испораките на гас за следната деценија.
Документот предвидува Русија да и доставува на Србија по пет милијарди кубни метри гас годишно до 2021 година.
Дачиќ подвлече дека очекува наскоро да се потпише и спогодба за стратегиско партнерство меѓу двете земји, од која дел ќе биде и денеска потпишаната спогодба за испорака на гас.