Ердоган го критикуваше Советот за безбедност на ОН

Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган остро го критикуваше Советот за безбедност на ОН поради неговиот неуспех да се договори да стави крај на 19-месечната граѓанска војна во Сирија.
За време на меѓународна конференција во Истанбул, Ердоган изјави дека светот беше сведок на "хуманитарната трагедија" во Сирија.
"Ако чекаме на една или две од постојаните членки ... тогаш иднината на Сирија ќе биде во опасност", рече Ердоган.
Русија и Кина - два од петте постојани членки на Советот за безбедност – ставија вето на резолуциите кои беа обид да се изврши притисок врз Дамаск да стави крај на конфликтот и да се согласи на политичка транзиција. Во средата, сириски патнички авион на пат од Москва до Дамаск присилно слета во Анкара при што беше запленета воена опрема на екипажот.