Сириската авијација во акција против бунтовниците

Сириската авијација денеска гаѓала кон бунтовниците со цел да ја одбрани стратешката база во провинцијата Идлеб, соопшти невладината опсерваторија за заштита на човековите права. Повеќе од 20 бунтовници биле повредени во нападот, по што сите тие се згрижени во околните болници. По воздушниот напад следеле борби околу Вади Дијеф, стратешка база во регионот Марет Ал Нуман, која деновиве е под опсада на бунтовниците.
Според последните податоци 151 лице загинале во насилствата во Сирија. Меѓу нив има 50 цивили, 60 војници и 40 бунтовници.