Пентагон: На САД им се заканува компјутерски Перл Харбор

Леон Панета

Американскиот министер за одбрана Леон Панета изјавил дека на Соединетите Држави им се заканува компјутерски „Перл Харбор“, поради што војската би била принудена агресивно да реагира на хакерските напади, пренесува весникот Чајна Дејли.
Панета предупредил на значителен пораст на опасноста од напади на агресорски земји или екстремистички групи на клучни делови од инфраструктурната мрежа, вклучувајќи системи со кои се управуваат електрани,хемиски постројки или јавен превоз. Со предложениот буџет од 3, 4 милијарди долари, новоформираната Сајбер команда на американската војска би била способна да им велзе во траг на изворите на хакерските напади.
Пентагон ќе биде во можност да ги најде виновниите на нападите и да ги повика на одговорност, изјавил Панета.