Педесет сириски војници пребегнале во Турција

Околу 50 сириски војници, меѓу кои и двајца генерали, со своите семејства пребегале во Туција. Како што јавуваат агенциите, сириските војници преминале на турска територија во текот на ноќта преку граничниот премин во турскиот округ Хатај. Тие се пренесени во бегалски камп во округот Хатај, каде се сместени сириски војници и нивните семејства.
Вчера во Турција се пренесени и 13 Сиријци, повредени во борбите во Идлиб.
Турција има околу 900 километри заедничка граница со Сирија, а моментално на турска територија се наоѓаат околу 100 илјади сириски бегалци.